Идниот чешки претседател Милош Земан се реши за симболичен потег, имено додека е на функцијата со третина од својата претседателска плата, што изнесува 2.200 евра месечно, ќе помага во отплатувањето на националниот долг на земјата.
Новиот чешки претседател Милош Земан изјавил дека во рок од два месеца по стапувањето на должноста на 8-ми март, ќе формира посебен претседателски фонд за отплата на државниот долг, и притоа ги повика и другите поимотни Чеси да помогнат во начинот на кој помага и самиот тој, пренесува AFP.
„Сакам да основам претседателска фондација којашто би овозможила сите да помогнеме во отплаќањето на државниот долг. Помалку е познато дека ние ги отплатуваме само каматите, но не и главнината”, рекол Земан.
Поранешниот социјалдемократски премиер на Чешката Република, пред кој стои петгодишен мандат на чело на државата, потсети дека според законот самиот себеси не може да си ја намали палтата, но дека основањето на посочениот фонд не бара никакви законски измени. Побогатите Чеси ги повија да вложат барем 160 илјади чешки круни, односно 6.400 евра.
„Секој жител на Чешка во овој момент должи 6.400 евра. На овој начин од должничко ропство ќе извлечете еден човек”, рекол Земан.
Месечната плата на чешкиот претседател изнесува 7,450 евра бруто месечно и уште 6.900 евра паушално како надоместок за трошоци, колку што имаше и неговиот претходник Вацлав Клаус.
Во моментот јавниот долг на Чешка изнесува околу 66,09 милијарди евра, што претставува 42 отсто од вредноста на чешкиот бруто домашен производ (БДП).
МакфаксИдниот чешки претседател Милош Земан се реши за симболичен потег, имено додека е на функцијата со третина од својата претседателска плата, што изне