Денешната конференција опфаќа една многу актуелна безбедносна проблематика која е значајна за локалната самоуправа, а тоа е прашањето за локалната безбедност во контекст на современите безбедносни ризици и закани. На мостот помеѓу локалната самоуправа и локалната безбедност свое место и значење имаат невладиниот сектор, медиумите, академската и експертската јавност.
Проблемот со мигрантите меѓународна, регионална, национална и локална димензија. Одржувањето на конференцијата коинцидира со успешните акции на Бирото за јавна безбедност под раководство на директорот Саше Тасевски кои беа поздравени од учесниците на конференцијата. Овој одлучен системски пристап на полицијата очекуваме да даде конкретен придонес во борбата со мигранатската криза. Предавањата на конференцијата се во функција на јакнење на капацитетите на локалната самоуправа во организација на Интернационалната полициска асоцијација – Македонија и посебно регионот Струмица, како и на Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје.
Посебна улога во одржувањето на конференцијата имаше поддршката од локалната самоуправа – Струмица, Босилово, Василево, Ново село. Во рамките на конференцијата се промовираше новиот научно-истражувачки проект: Полицијата и заедницата – безбедноста на локалната самоуправа во Република Северна Македонија. Акцентот ќе биде фокусиран кон евалуација на досегашното функционирање на овој полициски модел. Овој проект ќе биде важен за успешно остварување на локалната самоуправа кај нас и ќе продонесе за јакнење на соработката помеѓу локалната самоуправа и локалната полицика, преку јакнење на капацитетите на моделот на полициско работење во заедницата.
Пронајдете не на следниве мрежи: