Претседателот Пендаровски го прими Бранко Героски

Денес претседателот Стево Пендаровски го прими новинарот Бранко Героски, по заканата за бањање во Вардар која ја добил.
– Oсудувајќи секаков вид закани упатени до медиумите, Пендаровски порача дека новинарите треба да ги уживаат сите права и слободи за да можат професионално и без притисоци да работат. Тој истакна дека како и досега ќе се залага за заштита на достоинството и интегритетот на новинарската професија и професионалните медиуми секогаш ќе ја имаат неговата поддршка, соопшти Кабинетот на претседателот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.