Претставничкиот дом на САД усвои закон за забрана на Тик-ток


Сѐ уште не е јасно каква ќе биде судбината на законот во Сенатот, а потребно е Сенатот да го потврди за да стапи во сила

Претставници во Претставничкиот дом на САД усвоија закон со кој може да се забрани социјалната мрежа Тик-ток.

Сѐ уште не е јасно каква ќе биде судбината на законот во Сенатот, а потребно е Сенатот да го потврди за да стапи во сила.

Резултатот од гласањето беше 352 за забраната и 65 против. Против гласаа 15 републиканци и 50 демократи. Еден демократ беше воздржан.

Усвојувањето на законот во Претставничкиот дом под контрола на републиканците дојде и покрај тоа што поранешниот претседател Доналд Трамп сигнализираше дека се противи на забраната. Тој рече дека Тик-ток е закана за националната безбедност на САД, но дека забраната на популарната апликација ќе ги погоди децата и ќе го зајакне Фејсбук, што републиканскиот претседателски кандидат остро го критикуваше.

Нацрт-законот ќе го забрани Тик-ток од американските продавници за апликации, освен ако социјалната мрежа, која ја користат приближно 170 милиони Американци, не се одвои од нејзината кинеска матична компанија „Бајт денс“.

Се огласија од „Тик-ток“

Ова е неповолен развој на настаните за платформата која до пред неколку дена не се чинеше дека е во опасност и покрај тоа што гласањето во Сенатот и понатаму е неизвесно.

„Тик -ток“ го нарече предлог-законот усвоен од Претставничкиот дом „забрана“ и ги повика сенаторите да ги слушаат своите гласачи пред да преземат каква било акција.

„Овој процес беше таен, а нацрт-законот беше протуркан од една причина: тоа е забрана. Се надеваме дека Сенатот ќе ги разгледа фактите, ќе ги слуша нивните избирачи и ќе го разбере влијанието врз економијата, седумте милиони мали бизниси и 170 милиони Американци кои ја користат нашата услуга“,

рече портпаролот на „Тик-ток“.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: