ПРЕТСТОЈНАТА ЗИМА ПОСТУДЕНА И СО ПОВЕЌЕ СНЕГ

Почитувани граѓани го анализиравме времето и за претстојната зима па така најновите анализи направени со помош на метеоролошкиот модел (ECMWF) Европски центар за среднорочна прогноза на времето кој е многу добар и често го анализираме времето со помош на овој метеоролошки модел укажува на тоа дека претстојната зима ќе биде нешто постудена што значи со нешто повеќе продори на студен воздух од север и од североистокот на евроспкиот континент.
Со нивното спуштање до нашите краишта поточно до Јадранското море и над Италија истите овие студени бранови со судир на нешто потоплите воздушни маси кој би се наоѓале над овие краишта би условиле формирање на циклонски системи кој би се движеле према Балканот и Македонија и истите би условувале почести врнежи од дожд и од снег.
Со оглед на тоа дека барем според моменатлните анализи дека очекуваме нешто почести студени воздушни маси да се спуштаат од север кон нашата територија очекуваме и нешто повеќе снежни врнежи за разлика од изминатите неколку години.
Сепак и покрај ова не се исклучува можноста повремено да имаме и влијание на антициклони (висок воздушен притисок) кој би условувал стабилно и суво време но во овој случај во зимскиот период и тоа како растат условите за појава на магла и на ниска облачност по котлините и по речните котлини низ државава.Ние сме на такво место што директно од север и од североистокот на европа слободно може да пробие и екстремно студен воздух кој би условил и екстремно ниски температури на воздухо (до околу па и под -20 степени) како што беше случај пред две години каде во Берово се измерија температури дури и под -28 степени. Токму ова може да го очекуваме и има можност да се случи и во текот на претстојната зима.
ЕКСКЛУЗИВНА АНАЛИЗА НА МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.