Како што соопшти Министерството за одбрана на Венецуела сите седум членови на екипажот загинаа при пад на воен хеликоптер во близина на Каракас.
-Хеликоптерот летал од Каракас во сојузната држава Кохедес, каде што се наоѓаше претседателот Николас Мадуро, наведено е во соопштението.
Хеликоптерот удрил во планина кај Каракас, и во него имало двајца потполковници и петмина офицери. Властите ја испитуваат причината за несреќата.
Претседателот Мадуро, на својот Твитер профил напиша дека “длабоко жали поради несреќата“ и испрати сочувство до семејствата на загинатите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.