При вчерашното потонување на претоварен траект во реката Тигар во близина на Мосул загинале најмалку 83 луѓе, соопштија ирачките власти. На траектот имало повеќе од сто луѓе, меѓу кои жени и деца. Тие ја славеле курдска Нова година и доаѓањето на пролетта.
Причина за несреќата се технички проблеми, соопштија ирачките власти. По несреќата приведени се девет лица кои организираат превоз преку Тигар, објавија локалните медиуми.