Приведен гостиварец за издржување затворска казна
Во Гостивар вчера во 11:35 часот полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле А.С.(36) од Гостивар.
Како што информираа од МВР, за него била издадена судска наредба, со која се барал за издржување затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.