Приведен Косовец на „Блаце“, бил баран од Интерпол

Дваесет и осумгодишен Косовец бил приведен вчера на Граничниот премин „Блаце“.

„Вчера во 08.50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л.(28) од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: