Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.М. постапувајќи по претходна пријава дека околу 18 часот со закана со нож одзел пари од вработен во објект во истиот трговски центар.
Кај Р.М. се пронајдени ножот и парите и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во полициското соопштение.