Приведен скопјанец, се обидел да изврши разбојништво во маркет

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Б.К. (33) од Скопје постапувајќи по пријава околу 21 часот за обид за разбојништво во маркет на ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Скопје.

Како што информира МВР, веднаш по добиената пријава преземени се мерки и активности за пронаоѓање на сторителот, по што тој е пронајден и лишен од слобода.

При преземањето на активности, полициски службеник испукал два пати во воздух. Од страна на вработена во маркетот извршено е препознавање на сторителот при што оштетената посочила дека Б.К. е сторителот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.