Ладната вода може да помогне во забрзувањето на циркулацијата на крвта, а ова значи и свеж и сјаен изглед на вашето лице. Добрата вест е дека не мора да бидете под ладна вода премногу долго. Дури и водата да биде млака, ќе биде доволно.
Придобивки од туширање со ладна вода
Навиката за секојдневно туширање со ладна вода и помага на вашата кожа да остане млада и убава.
Ладната вода го активира и нервниот систем, а тогаш телото ослободува хормони кои се борат против стресот. Неколку истражувачи сугерираат дека психолошкиот стрес има директно влијание врз стареењето на кожата.
Ладниот туш испраќа огромна количина електрични импулси до мозокот и стимулира ослободување на „среќни хормони“ или ендорфин. Кога телото ги ослободува овие хормони, нивото на стрес опаѓа, така ќе избегнете проблеми како акни, псоријаза и дерматитис.
Ладната вода исто така ги намалува и порите. Топлиот туш може да предизвика црвенило на кожата додека ладната вода предизвикува спротивни ефекти.