Приказна која ќе ги стопли и најсуровите срца

Никогаш повеќе немојте да зборувате дека животните немаат душа и чувства.
Оваа шимпанзо ја споделува својата последна среќа во животот.59 годишната Мама е матријарх на шимпанзата во колонијата во Зоолошката градина Ројал Бургер во Арнхем Холандија.
Сваќајки дека се ближи нејзината смрт, Мама е уморена и не сака ниту да јаде ниту да пие.
Професорот Јан Ван Хув, кој што претходно се грижел за неа, откако ја слушнал веста дојде да ја посети својата стара пријателка.На почетокот таа не го препозна Јан, но кога го препозна нејзината реакција беше бесценета.Нејзиното лице веднаш се расветли и почна нежно да го допира како да и недостигал толку многу.Тие двајцата се познаваат од 1972 година, со што создале специјална приврзаност.

Сега таа е полна со енергија и започна да прифаќа храна кога Јан ја храни.Тие комуницираа, се прегрнуваа и се грижеа еден за друг како стари пријатели кои споделуваат спомени.
Ова е топло збогување после нејзиното долго животно патување.
Ништо друго не ја направи Мама толку среќна во нејзините последни денови како посетата на човекот која што таа го сакала кога била млада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.