Пристигна првиот брод-цистерна со течен гас за Бугарија од САД

Пристигна првиот танкер за течен гас од САД, изјавија за БНТ од Министерството за енергетика.

Рапидно се менуваат работите во соседството.

Се наѕира нова политика во енергетскиот сектор. Дали тоа ќе биде за наредната зима останува да се види. Она што треба да се нагласи е дека се прави обид да се изолира и ослабне Русија, како доминантен добавувач на овој енергенс

Најверојатно ќе се истовари на грчкиот терминал Ревитуса и синото гориво ќе пристигне во Бугарија преку гасната врска кај Петрич.

Втората можна дестинација е турски терминал. Нашиот јужен сосед има 4 терминали за истовар на течен гас. Евентуалното пристигнување на синото гориво може да се случи преку Трансанадолскиот гасовод до Грција или преку Балкански поток доколку има слободен капацитет.

Детали за испорачаните количини се уште не се прецизирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.