Во отворена програма на Телма „Топ тема “ премиерот Зоран Заев откри зошто Македонија го прифатила принципот ерга омнес, односно земјата да има едно име за сите употреби, и надвор и дома и во Уставот и во документите.
Ако Македонија имала две имиња за надвор и за дома, тоа ќе било основа за тензии со Грција во иднина, смета премиерот.
– Го прифативме грчкиот аргумент дека едно име за дома и едно за надвор ќе биде подлога за идни конфликти – изјави Заев.