Причина повеќе зошто треба да пиете јогурт

Консумирањето на јогурт најмалку два пати неделно ги заштитува мажите од рак на дебелото црево, покажала една нова студија.
Научниците тврдат дека мажите кои пијат најмалку две чаши јогурт неделно имаат 20 проценти помал ризик за развој на израстоци, познати како аденоми. Исто така, овие мажи имаат 26 проценти помал ризик од израсток кој може да се појави, и да стане малиген.
Тим научници од Универзитетот во Сент Луис велат дека овие резултати се поддржани со претходните студии кои сугерираат дека консумирањето јогурт може да го намали ризикот од рак на дебелото црево така што ќе влијае на видот и бројот на бактерии во цревата.
Аденомите и аденомските полипи се израстоци кои се формираат на внатрешниот ѕид на дебелото црево или ректумот. Тие се пре-канцерозни, што значи дека ако не се лекуваат, тие можат да станат малигни.


За целите на студијата, тим на научници ја анализираа исхраната и развојот на аденоми кај 32.600 мажи и повеќе од 55.700 жени. На учесниците биле правени тестови од 1986 до 2012 година, а на секои четири години ги пополнувале и прашалниците за исхрана, меѓу другото и тоа колку јогурт консумираат.
Во периодот од 26 години колку што траела студијата, кај мажите биле развиени 5.800 аденоми и 8.100 кај жените.
Мажите кои консумирале јогурт најмалку двапати неделно, имале 20 проценти помал ризик од развој на аденом, во споредба со оние кои пиеле јогурт. Исто така, ризикот од тоа дали аденомите стануваат канцерогени е помал за 26 проценти.
Меѓутоа, научниците откриле дека постои врска помеѓу конзумирање на јогурт и развој на аденоми кај жените. Поради тоа тие тврдат дека се потребни дополнителни студии за да се објасни “механизмот” на овој однос, односно како точно јогуртот го намалува ризикот од аденоми. Засега, тие веруваат дека два пробиотици кој се пронајдени во јогуртот го намалуваат количеството канцерогени во цревата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.