ПРОГЛАСЕНА ВОЗДУШНА ОПАСНОСТ НИЗ ЦЕЛА УКРАИНА! По обелоденувањето на посетата на Бајден на Киев, се огласија сирените ВИДЕО

Откако беше објавена веста дека американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Киев во историска посета на целата територија на Украина, прогласена е воздушна закана за целата територија на Украина.

ПРОГЛАСЕНА ВОЗДУШНА ОПАСНОСТ НИЗ ЦЕЛА УКРАИНА! По обелоденувањето на посетата на Бајден на Киев, се огласија сирените ВИДЕО

За време на посетата на црквата Свети Михаил во Киев, се огласија сирените за воздушен напад.

Средбата меѓу Бајден и Зеленски се случи на денот кога Украина ја одбележува смртта на 107 лица за време на антивладините протести пред девет години.

На Киев не му се непознати официјалните посети, но оваа е поинаква.

Фактот дека американскиот претседател се среќава со украинскиот лидер во срцето на главниот град среде целосен конфликт е значаен и симболичен.

Заедно со Бајден и Зеленски, забележливо е големо обезбедување, особено од специјалците во униформи и со автоматско оружје.

Посетата на Бајден на Киев ја потврди и самиот претседател на Украина Володимир Зеленски на неговиот профил на Телеграм.

Речиси една година по целосната инвазија, таа испраќа јасна порака до Москва – дека Америка и Западот нема да се оддалечат од поддршката на Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.