Американската актерка Ракел Велч ненадејно почина на 82-годишна возраст поради кратко боледување, а едно време и беше жежок и гореше Холивуд.
Во 60-тите и 70-тите години, оваа дама беше глобален секс симбол, позната по своето неверојатно, извајано тело. Ракел не се двоумеше да ги покаже своите атрибути, па остана запаметена по бројните провокативни филмски сцени.
Во 1995 година, списанието Empire ја вклучи Ракел Велч меѓу 100-те најсекси ѕвезди во филмската историја, додека магазинот Playboy ја рангираше на третото место на листата на 100 најсекси жени на 20 век. Исто така, читателите на магазинот „Men’s Health“ ја изгласаа за втора најубава жена на сите времиња во 2011 година.
Благодарение на нејзиното одлично тело и храброста да го покаже без срам стигна до статусот на меѓународен секс симбол, а се започна со реализацијата на „One Million Years B. C“. од 1967 година.
Велчова имаше само три реченици текст, но облече специјално бикини кое привлече големо внимание. Филмските постери на кои таа позира токму во тој костим станаа едни од најпродаваните досега! А тоа беше само почеток на нејзината богата филмска кариера…
„Чувствував дека луѓето навистина не се грижат за мене, туку се грижат само за неа – таа жена во бикини од кожа со премногу долги нозе, сјајни раце и неверојатно тенок, тенок струк. Таа беше моќна, незаборавна жена, и тие беа заљубени во неа, во таа супер Амазон. Јас сум силна жена, но дефинитивно не сум сето тоа“, рече таа пред неколку години за улогата што ја лансираше во ѕвезда.
Инаку, Ракел беше позната и по бурниот љубовен живот – зад себе има четири брака, а во 2015 година изјави дека не е исклучено повторно да стапне на лудата карпа. Исто така, актерката истакна дека многу нејзини врски пропаднале „затоа што е премногу сама“ или затоа што мажите сакале да излегуваат со неа само поради нејзиното име.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.