Германецот Стефан Томас не е првиот кој заборавил лозинка, но понекогаш ваквите моменти може да значат потенцијална загуба, кога станува збор за пари, пишува Guardian.
На програмерот Стефан Томас му преостанаа уште две шанси до богатство од 240 милиони долари. Толку е вредноста на 7.002 биткоини кои овој програмер од Сан Франциско ги добил пред 10 години како награда за снимање видеоснимки кои објаснуваат како функционира криптовалутата.
Меѓутоа, во време кога стигнал подарокот, биткоинот вредел два до шест долари. Тој ги спакувал во дигиталниот паричник и заборавил на нив.
Сега, секој биткоин вреди 34.000 долари, а содржината е проценета на 240 милиони долари. Но, Томас ја заборавил лозинката која треба да го отклучи неговото богатство.
Веќе осум пати внел погрешна лозинка, а ако згреши уште двапати, ништо од парите. Кога се дозна за неговата ситуација, Томас почна да добива различни совети.
Алекс Стамос, експерт за интернет безбедност, вели дека може да ја дознае лозинката во рок од шест месеци, ако Томас му даде 10 проценти од дигиталното богатство.
Според фирмата за податоци за криптовалути Chainalysis, околу 20 проценти од постоечките 18,5 милиони биткоини се изгубени или заглавени во непристпани дигитални паричници.