Продолжен притворот на Урош Блажиќ: Убиецот од Младеновац е на психијатриски прегледи

Вишиот суд во Смедерево му го продолжи за нови 30 дена притворот на Урош Блажиќ (21) од Дубона, кој беше уапсен под сомнение дека убиствата во селата кај Младеновац кога уби осум и рани 14 лица.

Притворот му е продолжен поради ризик од бегство, за да не се влијае на сведоците, да не се повтори делото за краток временски период и поради вознемиреност во јавноста.
Блажиќ од минатата недела е во Специјалната затворска болница каде му е извршен психијатриски преглед.

Tој во наредните денови ќе биде подложен на вештачење од страна на Комисијата на експерти.
Издадени се повеќе наредби за вештачење на биолошки траги пронајдени на местото на настанот.

Исто така, во тек е и ќе продолжи вршењето на значителен број други вештачења – балистичко, трацеолошко, судско-медицинско.
Истовремено, според планот на истрагата, започна сослушувањето на очевидци и други сведоци, а потоа и на повредените, чии покани ќе бидат во согласност со нивната здравствена состојба и способност да дадат исказ.

На 4 мај во текот на вечерта Урош Блажиќ го започна својот крвав поход. Уби пет селани во селото Мало Орашје, од кои најмладата жртва има 15 години. Потоа продолжил кон селото Дубона, каде уби полицаец, неговата сестра и нивниот пријател.
Уапсен е следниот ден во раните утрински часови во близина на Крагуевац.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.