Времето во земјава ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од два до 10, а максималната температура од 23 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со минимална температура од девет и максимална до 28 степени.
Продолжува периодот на сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.