Производството на нафтеното поле Шарара, најголемото во Либија, денеска е целосно прекинато по демонстрациите на таа локација, пишува Блумберг повикувајќи се на неименувани информирани извори.Нафтеното поле Шарара има производствен капацитет кој надминува 300.000 барели дневно (bpd), а последен пат произведе околу 270.000 bpd во саботата.Причината за прекинот на производството е спор меѓу две конкурентски влади во Либија, а Ројтерс претходно објави дека демонстрантите ги принудиле работниците да го намалат производството на нафта, што на крајот целосно престана.Нафтеното поле Шарара, кое има најголеми резерви на нафта во Африка, е сцена на редовни судири меѓу завојуваните политички и воени фракции во Либија.Цените на фјучерсите на нафтата брент денеска, и покрај ситуацијата во Либија, паднаа на најниско ниво во последните осум месеци, бидејќи инвеститорите се загрижени од можна рецесија во Соединетите Американски Држави, земјата која е најголем светски потрошувач на нафта.
Пронајдете не на следниве мрежи: