Внуката на Роберт Ф. Кенеди, Серша Кенеди Хил (22) пронајдена е мртва во семејната викендичка во Масачусец. Како што се наведува таа била во куќата на својата баба Етел (91), сопругата на Роберт Кенеди кој е убиен во 1968 година. Во четвртокот со Итна помош била пренесена во болница каде е констатирана смрт, а според првичните информации најверојатно се предозирала со наркотици.
Ова е последна во низата трагедии со кои се соочи една од најпознатите американски политички династии.
– Срцата ни се скршени заради загубата на нашата сакана Серша. Нејзиниот живот беше исполнет со надеж, ветувања и љубов, стои во соопштението од семејството.
Дваесет и двегодишната Серша беше единственото дете на Пол Мичел Хил и Кортни Кенеди Хил, која пак беше петто од 11-те деца на Етел и Роберт Кенеди.

Пронајдете не на следниве мрежи: