И покрај пролетниот умор, имате желба да бидете физички активни и да направите нешто за своето здравје, а пред сè да ги исфрлите сите токсини и наслаги од калоричната храна која е вообичаена за зимскиот период.
Детоксикацијата или чистењето на организмот позитивно влијае на севкупното здравје на човекот, му помага на телото да се врати во природна рамнотежа, ја подигнува енергијата и го подобрува здравјето.
За таа цел, подгответе еден освежувачки пролетен детокс напиток.
Потребни состојки (за 1 литар):
- 2 лимони
- корен свеж ѓумбир со големина од 2 центиметри
- 1 краставица
- 10-тина листови свежо нане
- 1 литар вода
Начин на подготовка:
Излупете ги ѓумбирот и краставицата и исечкајте ги на тенки парчиња, а лимонот на кришки и ставете ги во бокал или тегла.
Прелијте со студена вода, додајте ги листовите свежо нане и оставете го бокалот во фрижидер најмалку 1 час.
Детокс напитокот може да се консумира во текот на целиот ден.