Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 13 до 19 степени Целзиусови.
И во Скопје и околината слично време. Температурата ќе се движи помеѓу 10 до 19 степени.
Во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Доцна поладне врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната од 15 до 19 степени.
Од вторник ќе има пораст на дневната температура. Во вторник и среда ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 11, а дневната од 17 до 23 степени.