Промоција на книгата Ацо Шопов „Автопортрет со седум прсти“ во Лабораториум






Промоцијата на книгата Ацо Шопов: „Автопортрет со седум прсти“  ќе се одржи во ЛАБораториум, во вторник 19 март 2024, во 19 часот.

Текстовите на Шопов, за првпат објавени во книга, ќе ги интерпретира Никола Ристановски. Промотор е Владимир Мартиновски. Во улога на приредувач на книгата се јавува Јасмина Шопова.

Промоцијата ја организира фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, во соработка со „Антолог“, издавач кој годинава одбележува 25 години активност, и со ЛАБораториум, кој се дефинира повеќе како идеја отколку како простор, но и како простор за идеи…

Кон промоцијата се приклучуваат и Националната Опера и Балет, ФлипБук Фестивал на анимирани филмови и ДЛУМ, со сегменти од нивните уметнички продукции врзани за нашиот поет, во рамките на „2023, Година во чест на Ацо Шопов“.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: