МВР информира дека синоќа околу 22.55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во близина на фудбалскиот стадион во с. Неготино, Гостиварско, бил пронајден починат М.Б.(77) од истото село, за кој претходно неговиот син и внуци пријавиле дека се оддалечил од домот.
„Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“ – велат од СВР Тетово.