На 19.10.2024 година во 15.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ѓ.(25) од Скопје затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.10.2024 година во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(44) од Скопје затоа што при извршен преглед над него и во патничкото возило марка „Опел“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.10.2024 година во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(22) од село Инџиково, скопско, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.