Потребни состојки:
1 конзерва туна
1 помала конзерва пченка
1 ротквица
Половина свежа краставица
Половина црвен кромид
Сол и бибер
Кисела павлака
Марула
Сок од лимон
Начин на подготовка:
Измијте ја зелената салата, исцедете ја и исечкајте ја. Исцедете ја туната од масло. Зачинете со сол и бибер. Во туната додајте кромид, ротквици, свежа краставица и пченка. Додајте ја врз марулата. Прелијте со кисела павлака и сок од лимон.