Протест во Кочани: Жителите блокираат пат поради загадувањето од депонијата

Жителите на Кочани денеска организираа целодневен протест, блокирајќи го патот кон Пониква, поради незадоволство од горењето на отпадот на депонијата во близина на селото Бели. Тие се против испуштањето густ чад и загадувањето на воздухот, кое се чувствува и во градот.

На блокадата, присутните нагласуваат дека не дозволуваат проаѓање на комунални возила за отпад од Кочани и соседните општини. Стојан Глувчевски, учесник на протестот, истакнува дека досегашните обиди за решавање на проблемот се неуспешни и дека е потребно преиспитување на одлуката за носење на отпадот на оваа депонија.

Жителите бараат затворање или дислоцирање на депонијата, за да се спречи загадувањето и деградацијата на земјоделското земјиште. Благица Сабовљевиќ Стоименова, друга учесничка, додава дека општинските власти не го решаваат проблемот, а блокадата е начин да се привлече внимание.

Граѓаните имале средба со претставници на комуналното претпријатие „Водовод“, кои известиле за ангажирање механизација за затрупување на отпадот и 24-часовно дежурство на вратата на депонијата за контролирање на влегувањето на неовластени лица.

Пронајдете не на следниве мрежи: