Протест под мото „Време е за чист воздух“

На протестот, што денес се одржа пред канцелариите на Град Скопје под мотото „Време е за чист воздух“ граѓаните со пораки „И ти го дишеш истиот воздух“,„ Ставете налепници на тешката индустрија“, „Не можам да дишам!“, „Чист воздух, здрави деца“ бараа спроведување итни мерки против загадувањето во Скопје.
Тие го искажаа својот став дека приоритет треба да биде проблемот со автомобилите, депонијата “Дрисла“, да се работи на гасификацијата… Бараат и казни за големите индуструски објекти кои не ги исполнуваат еколошките стандарди, да се отстрани опасниот линдан од ОХИС, како и да престане градежната експанзија.
Учесниците на протестот, исто така, потсетија на ветувањата за намалување на загадувањето на воздухот и критикуваа дека е многу мал износот од 1,5 милиони евра што е проектиран со буџетот за таа намена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.