Протести на „жолтите елеци“ и во Холандија, Ротердам. Како што се чини се шири бранот на протестите против естаблишментот и европската бирократија насекаде. Запален е огнот на отпорот. Протести имаше и во Брисел денеска…
Демонстрантите во Брисел фрлаа камени плочи, сообраќајни знаци, ракети и други предмети во полицијата, блокирајќи го нивниот влез во делот каде се наоѓаат канцелариите на Мишел, другите владини згради и парламентот. Околу 100 беа притворени, многумина за носење опасни предмети како огномет или облека што може да се користат како заштита во судирите со полицијата.