Неколку илјади луѓе се собраа во градот Риза, во источна Германија, протестирајќи против одржувањето на конгресот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) пред парламентарните избори на 23 февруари.
Трите главни германски партии, СПД, ЦСУ и АфД, ќе се состанат денес за да ги финализираат своите изборни платформи и да се договорат за кандидатите пред националните избори.
Во Риза, град кој се наоѓа меѓу Лајпциг и Дрезден, демонстрантите маршираа до зградата каде што се одржува дводневниот конгрес на АфД, каде што партијата ќе ја усвои својата изборна програма.
Полицијата соопшти дека очекувала до 10.000 луѓе. Собирот се одвива мирно, со повремени обиди за пробивање на барикадите, но протестот го одложи почетокот на партискиот митинг.
Спречена е да присуствува и претседателката на партијата на АфД, Алис Вајдел, која се очекува да биде именувана за кандидат на партијата за канцелар на дводневната конвенција.
Организаторите рекоа дека полицијата употребила солзавец и палки против неколку протестни групи.
Групата Vidersetzen (Отпор), која го координира протестниот собир, објави дека „денес излегла на улиците на Риза во знак на солидарност, различност и отвореност“.