Синоќа голем протест се одржа во Бања Лука. Причина е неразјаснетото убиство на момчето Давид Драгичевиќ, чиј татко беше уапсен зашто не се појавил на судење, а при апсењето полицијата му ја скрши раката. Покрај таткото беше уапсена и мајката на Давид , која се бореше со полицијата да не го уништи споменот на нејзиниот син , поставен во центарот на градот. Сепак и таа беше уапсена , што дополнително ги разгневи граѓаните.
Во знак на солидарност со родителите на убиениот Давид Драгичевиќ, синоќа протести се одржаа и во Сараево и во другите поголеми градови во БиХ. На протест повика и опозицијата, па така синоќа на повеќе места полицијата се судри со демонстрантите, кои извикуваа ,,Правда за Давид”.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.