Противниците на озаконувањето на браковите на лица од ист пол кои упатија повик за нов протестен собир во недела во француската престолнина Париз, нема да одат во поворка, туку ќе се соберат една сообраќајница, што, според нив ќе им овозможи на властите полесно да ја проценат нивната бројност.Одлуката да се мине по трасата од Ла Дефенс до Шарл Дегол – Етоал, за што учесниците на собирот доцна се известени, е донесе откако полициската управа не им дозволи на организаторите на движењето „Манифест за сите” да минат во поворка по авенија Шанзелезе, како што првично имаа намера.„Ќе има премногу луѓе за да можат да одат во поворка, па учесниците на повеќе места ќе можат да се приклучат на поворката“, изјави Фригит Баржо, претседателка на здружението „La manif pour tous“ којашто ги организира протестите.Така француската полиција не дозволи протести на коишто е најавено присуство на повеќе илјади противниците на истополовите бракови кои имаа намера своето несогласување со намерите на социјалистичката влада да го изразат на главната авенија во Париз, славната Шанзелизе.„Остануваме отворени за дијалог, префектурата на полицијата на Париз сака да ги информира потенцијалните учесници на протестот, дека од безбедносни причини за јавниот ред нема да им биде дозволено да минат низ Елисејските полиња”, наведе париската полиција во соопштението објавено минатата седмица.Според податоците на полицијата, на 20-ти февруари претставниците на движењето „Манифест за сите”, (наречено по аналогија на законот чии автори го нарекуваат „Брак за сите”) пријавиле дека на 24-ти март ќе се одржат масовни демонстрации на Шанзелизе. Два дена подоцна, префектот на полицијата на француската престолнина ги известил дека не е возможно да ја одржат таквата акција на плоштадот Шарл Дегол (во близина на Триумфалната порта), на Шанзелизе или на плоштадот Конкорд. Како причина за одбивањето се наведени близината на важни јавни институции (особено Елисејската палата којашто е резиденција на шефот на државата).Покрај тоа, како причина да не се дозволи протестот на спомнатите локации наведени се и многуте продавници, големиот број туристи, како и конфигурацијата на околниот терен кој не овозможувал осигурување на безбедноста на луѓето во услови на зголемена закана од терористички напади.На консултациите префектурата на париската полиција им предложила на организаторите на протестот неколку други можни опции за негово спроведување, но досега не е постигнат договор. Во меѓувреме, претставници на движењето „Манифест за сите” продолжија да со повиците до своите поддржувачи да се соберат на 24-ти март на Шанзелизе.Претходните масовните протести на противниците на легализацијата на браковите на лица од исти пол, како и законот со кој ќе им се овозможи на овие двојки да посвојуваат деца, се одржа на 13-ти јануари на париските Марсови полиња, и на нив учествуваа 340 илјади демонстранти (според полицијата) или околу 800 илјади луѓе (според организаторите).Овојпат полицијата очекува послаб одѕив на протесниот собир и смета на присуство на 150 до 200 илјади луѓе.Противниците на истополовите бракови во недела навечер повторни ќе побараат од социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд да го повлече законот кој е пред гласање во Сенатот беше изгласан во Народното собрание, и за тоа прашање да се одлучува на референдум.
МакфаксПротивниците на озаконувањето на браковите на лица од ист пол кои упатија повик за нов протестен собир во недела