Утринава во 08:40 минути во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар се случил страшен инцидент кога момче (14) пукало и повредило неколку ученици.
Имено, полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.
Во тек е згрижувањето на повредените, како и акција на полицијата за утврдување на сите фактори и околности поврзани со инцидентот.