Едно лице е повредено во престрелката што се случи денеска напладне во Башчаршија, во центарот на Сараево.
Според информациите кои за порталот Кликс ги потврди портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Сараево, Мерсиха Новалиќ, пукањето се случило на улицата Браваџилук.
Новалиќ изјавил дека лицето се здобило со полесни повреди во пределот на ногата.
„Полицијата има информации за лицето кое го извршило овој напад и активно работи на расветлување на случајот“, рече Новалиќ.
Случајот е класифициран како кривично дело, а полицијата ја продолжува истрагата и трага по напаѓачот.