Пукна тиквата:Ќерката на Сузана Манчиќ се разведува по десет месеци брак

Ќерката на Сузана Манчиќ, Теодора тајно се венча со нејзиниот сопруг пред десет месеци во Лас Вегас и веќе се разведува. Сузана Манчиќ тогаш изјави дека ниту таа не знаела за интимната церемонија по повод венчавката на својата ќерка, но се пофали дека и официјално е баба.
Теодора Куниќ, претходно Манчиќ се омажи во март минатата година за богат Американец, но 20 години постар од неа.
Како причина за толку брзиот несреќен крај на бракот таа ги наведува несовладливите разлики во карактерите и честите расправии во последните шест месеци. Значи среќата траела само два месеца? Одлуката за развод Теодора ја донела уште пред три месеци и веднаш ѝ ја соопштила на мама Сузана. Иако не и било право, како што вели самата, Манчиќка не се противела на одлуката на својата ќерка. Впрочем таа и тогаш велела дека е свесена дека бракот со 20 години постар човек од нејзината ќерка тешко ќе опстои.
Како што соопшти извор близок до Лото дамата, Теодора веројатно, нема намера да се врати во Србија, но мама Манчиќ не сакала ништо да коментира, освен – “Немам време, здраво“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.