Белградскиот пулмолог Дејан Жујовиќ, кој исто така заболел од ковид-19, објави снимка од белите дробови на 22-годишен пациент заразен со коронавирус.
Тој објасни дека видеото го објавил на Фејсбук за да ги потсети сите оние кои не веруваат во постоењето на вирусот што го предизвикува ковид-19 и дека станува збор за потенцијално многу опасно заболување.
Снимката, придружена со објаснување на пулмолог, покажува значително оштетување на белите дробови, што е исто така претставено со графикон што покажува загуба на волуменот на белодробното крило изразено како процент. Во овој случај, таа загуба е скоро 50 проценти.
-Вака понекогаш изгледаат белите дробови погодени од короната. Отсега натаму, јас не комуницирам со морони кои го негираат вирусот! Овој пат се потребни луѓе кои се здрави во главата. Држете се на дистанца, со маска каде што не е можно растојание. Контактирајте го вашиот лекар ако не се чувствувате добро. Сум против сите екстремни мерки, како што е полицискиот час. Останете здрави и живи , напиша др. Жујовиќ.