Путин ги отвори картите: Во моментов нема планови за заземање на Харков! Рускиот Претседател ја открива целта на руската офанзива

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руската армија во моментов не планира да го окупира Харков!– Денеска нема такви планови – рече Путин, коментирајќи ја офанзивата во регионот Харков на прес-конференција по неговата посета на Кина.Путин нагласи дека руската армија постигнува успех во регионот Харков и дека секојдневно се движи строго според планот.Шефот на руската држава одговорноста за она што се случува во правец на Харков ја префрли на вооружените сили на Украина. Путин објасни дека Москва ќе биде принудена да создаде санитарна зона поради гранатирањето на станбени области во Белгород.– Пукаат токму во центарот на градот и населените места. Јавно кажав дека ако вака продолжи, ќе бидеме принудени да создадеме безбедносна санитарна зона – рече Путин.

Пронајдете не на следниве мрежи: