Српскиот претседател Александар Вучиќ добил покана од рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Москва, дознава српскиот портал Курир.Вучиќ доби покана да присуствува на прославата на 80-годишнината од победата над нацизмот во Москва.Почитуван господине претседателе,Ве поканувам да учествувате на свеченостите по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна, што ќе се одржи во Москва на 9 мај 2025 година.Овој најважен датум го симболизира крајот на најстрашната војна во историјата на човештвото. Да му оддадеме длабока почит на херојството на нашите татковци и дедовци и да ги поклониме главите пред бројните жртви на нацизмот. Убеден сум дека зачувувањето на споменот на големата победа ќе ја зајакне заедничката определба да се спротивставиме на какви било манифестации на неонацизам и ќе ја зголемиме конструктивната соработка со цел да се обезбеди мир и безбедност на планетата.Искрено со нетрпение очекувам да те видам во Москва,Со почит, Владимир Путин
Пронајдете не на следниве мрежи: