Путин го опиша пактот како „одбранбен“, наведувајќи го правото на Северна Кореја да се брани, објави ТАСС. Тој додаде дека Русија нема да ја исклучи можноста за развој на воено-техничка соработка со Северна Кореја, пренесува „Гардијан“
Севернокорејскиот лидер говорејќи по церемонијата на потпишување рече дека пактот ќе доведе до поблиска политичка, економска и воена соработка, како и до „забрзување на создавањето нов мултиполарен свет“
Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун потпишаа договор кој вклучува клаузула што предвидува двете земјите да си помогнат меѓусебно доколку некоја од нив биде нападната, пишува „Гардијан“ по официјалната посета на Путин на Пјонгјанг, прва по 24 години.
Вклучувањето на меѓусебната одбранбена клаузула во сеопфатеното стратешко партнерство, кое Ким Џонг-ун го опиша како сојуз, според британскиот весник ќе го зголеми алармот на Западот поради растечките економски и воени врски меѓу Северна Кореја и Русија.
Договорот беше финализиран денеска по повеќечасовни разговори во севернокорејската престолнина Пјонјанг. Инаку, ова е втора средба меѓу Путин и Ким во последните девет месеци, откако претходно севернокорејскиот лидер лани беше угостен од рускиот претседател на крајниот исток на Русија, каде што, меѓу другото, го посетија космодромот „Восточни“.
„Договорот за сеопфатно партнерство потпишан денеска предвидува, меѓу другото, заемна помош во случај на агресија врз една од страните на овој договор“,
рече Путин, цитиран од руската државна новинска агенција ТАСС.
Првично не беше сосема јасно каква форма може да има таа поддршка, а неа беа објавени детали од договорот.
Подоцна, Путин го опиша пактот како „одбранбен“, наведувајќи го правото на Северна Кореја да се брани, објави ТАСС. Тој додаде дека Русија нема да ја исклучи можноста за развој на воено-техничка соработка со Северна Кореја.
Севернокорејскиот лидер, говорејќи по церемонијата на потпишување, го нарече договорот „најсилниот досега“ потпишан меѓу двете земји, што ги издигнува односите на двете земји на „повисоко ниво на сојуз“
Пактот, рече тој, ќе доведе до поблиска политичка, економска и воена соработка, како и до „забрзување на создавањето нов мултиполарен свет“.
Посетата на Путин на Северна Кореја беше внимателно следена од САД и од Јужна Кореја поради загриженоста дека растечката воена соработка меѓу изолираните држави погодени од санкции може да ги поттикне воените напори на Кремљ во Украина и да ги зголеми тензиите на Корејскиот полуостров.
Во Вашингтон, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека посетата на Путин ги истакна обидите на Русија, „во очај, да ги развие и зајакне односите со земјите кои можат да ѝ го обезбедат она што ѝ е потребно за продолжување на војната што ја започна против Украина“.
„Северна Кореја обезбедува значителна муниција за Русија… и друго оружје за употреба во Украина. Иран обезбедува оружје, вклучително и беспилотни летала, кои се користат против цивили и цивилна инфраструктура“,
додаде Блинкен.