Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин, односно Барак Обама, ги задолжиле министрите за надворешни работи заедно да бараат „нови иницијативи” за да се стави крај на граѓанската војна во Сирија, соопшти кабинетот на рускиот претседател, по телефонскиот разговор од петокот навечер меѓу претседателите на двете сили.
Претседателите Владимир Путин и Барак Обама повикале на избегнување потези кои би наштетиле на руско-американските односи, кои се затегнати во односот на ставовите за решавање на сириската криза, како и критиките од страна на Вашингтон за односот кон опозицијата во Русија, особено откако Путин во мај минатата година повторно дојде на претседателската должност.
Телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели доаѓа три дена откако шефовите на дипломатиите на Руската Федерација и САД, Сергеј Лавров и Џон Кери во Берлин на средбата на којашто централна тема беше ситуацијата во Сирија, не постигнаа напредок во приближувањето на ставовите.
„Претседателите наложија (на Лавров и на Кери) да ги продолжат активните контакти концентрирани на можни нови иницијативи со цел да се постигне политичко решени на кризата (во Сирија)”, се наведува во соопштението издаден од кабинетот на рускито претседател.
Последните месеци имаше повеќе средби на високи претставници на руската и на американската дипломатија, а во разговорите беше вклучен и специјалниот пратеник на Обединетите нации и на Арапската лига за Сирија, алжирскиот дипломат Лакдар Брахими. Меѓутоа тие не донесоа особен напредок во приближувањето на ставовите на САД и Русија во однос на ставањето крај на сирискиот конфликт во кој за две години откако трае бунтот инспириран со ткн Арапска пролет со кој се бара заминување на претседателот Башар ал-Асад, според процените на ОН загинале околу 70 илјади луѓе.
Главната разлика во ставовите на Москва и Вашингтон е судбината на сирискиот претседател Асад, при што САД застапуваат гледиште дека тој неизоставно мора д замине од функцијата, додека Москва смета дека неговото заминување на смее да биде услов за мировните преговори за транзицијата на политичкиот систем во Сирија.
Makфакс
Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин, односно Барак Обама, ги задолжиле министрите за надворешни работи