Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на кинескиот лидер Си Џинпинг за 75-годишнината од основањето на Народна Република Кина.
„Почитуван господине претседателе, драг пријателе, ве молам примете ги моите најтопли честитки по повод 75-годишнината од основањето на Народна Република Кина. „Кина ја дочекува оваа значајна годишнина со импресивни достигнувања во економскиот, социјалниот и научниот и техничкиот развој“, се вели во пораката на Путин.
Рускиот лидер истакна дека под водство на Си Џинпинг, Кина успешно ја зајакнува својата позиција на светската сцена и игра важна улога во решавањето на актуелните проблеми од регионалната и глобалната агенда.
Тој исто така додаде дека Москва ги цени пријателските, добрососедски односи со Пекинг.
„И покрај тешката меѓународна ситуација, во последно време успеавме да постигнеме зголемување на обемот на трговската размена, реализираме бројни големи билатерални проекти во различни сфери. Од големо значење е плодната руско-кинеска соработка во рамките на ОН, БРИКС, ШОС и другите меѓународни структури. Ќе продолжиме да работиме заедно со цел дополнително да го зајакнеме нашето сеопфатно партнерство и стратешка соработка меѓу Русија и Кина за доброто на нашите народи“, рече Путин.