Тоа го изјави вицепремиерот Александар Новак за државната телевизија.
Наведувајќи го за првпат одговорот на Русија на ограничувањата на цените наметнати од Западот, Новак рече дека намалувањето би можело да изнесува од 500.000 до 700.000 барели дневно.
Европската унија, земјите од Г7 и Австралија воведоа ограничување на цената на руската нафта од 60 долари за барел од 5 декември, покрај ембаргото на ЕУ за увоз на руска сурова нафта по морски пат и сличните ветувања на САД, Канада, Јапонија и Британија.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека на почетокот на следната недела ќе издаде декрет со детали за активностите на Москва како одговор на ограничувањето на цената.
Новак рече дека декретот ќе забрани продажба на нафта и нафтени деривати на земјите кои се приклучуваат на ценовното ограничување и на компаниите кои бараат нејзино усогласување.