Десетици земји сакаат да учествуваат во работата на БРИКС, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот во Санкт Петербург со високи претставници на БРИКС и БРИКС плус земјите задолжени за безбедносни прашања.
„Денес над триесетина земји, поточно 34 држави, веќе изразија желба да бидат вклучени во активностите на нашето здружение на еден или друг начин“, рече Путин, јавуваат медиумите.
Тој истакна дека во рамките на БРИКС, Русија посветува големо внимание на безбедносните прашања и дека активностите на Москва како претседавач со БРИКС во 2024 година биле насочени кон брза интеграција на нови членки на асоцијацијата.