Путин ја спомна СР Југославија: Елцин беше само смешно момче со чаша, а потоа сè се смени…

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска во својот редовен годишен говор пред нацијата се осврна на горливите прашања во војната во Украина, одговараше на економски теми, но и традиционално ја спомена 1999 година и нападот на Сојузна Република Југославија.За време на „Директната линија со Владимир Путин“, рускиот претседател се осврна и на својот поранешен колега Борис Елцин.Путин рече дека верува оти успеал да ја спаси Русија, но и дека неговиот претходник Борис Елцин застанал на страната на Југославија.– Она што не чекаше претходно беше целосно губење на суверенитетот. Западот го тапкаше Елцин по грб, бидејќи за нив тој беше само смешно момче која сака да посегне по чаша. Но, штом го крена гласот поради агресијата врз Југославија и укажа на активното кршење на меѓународното право, стана ладен руски империјалист, алкохоличар и слично – рече Путин, одговарајќи на малку провокативно прашање на новинар.

Пронајдете не на следниве мрежи: