Рускиот претседател Владимир Путин му нареди во средата на воениот врв итно да ги подобри состојбите во вооружените сили во текот на неговиот претседателски мандат, бидејќи, како што рекол, Русија мора да се спротистави на обидите на Западот да ја наруши стратешката рамнотежа на моќ.
Западните аналитичари оваа изјави на рускиот претседател Владимир Путин ја толкуваат како и уште еден показател за неговата поостра политика откако во мај 2012 година се врати на претседателската функција, како и пожестоката антизападна реторика со која сака да се здобие со поширока поддршка.
„Има побиди да се наруши стратешката рамнотежа”, изјавил Путин, кој воедно е и врховен командант на руските вооружени сили, во говорот на академијата на Генералштабот на руската армија крај главниот град Москва.
„Геополитичката динамика бара брз и осмислен одговор… Руските воени сили мораат да се дигнат на нови ниво на способноста во идните три до пет години”, истакнал претседателот Путин, кој не ја исклучил можноста од нова претседателска кандидатура во 2018 година.
Путин, кој е поранешен припадник на советската разузнавачка служба КГБ и бил ангажиран во поранешната воена база ан територијата на тогашна Источна Германија, појаснил дека закана за геополитичакта позиција на Русија претставува ширењето ан НАТО на исток и поставувањето на американскиот антиракетен штит во Европа во близина на руските граници.
По повеќегодишното намачување на воениот буџет од падот на Советскиот сојуз во 1991 година, Путин е силен поборник на планот до 2020 година да се вложат 750 милиојарди американски долари во обновувањето на руското вооружување.
Руската армија, којашто брои околу милион војници, сѐ уште главно се потпира на советската инфраструктура и вооружување, а и покрај настојувањата на Кремљ целосно да се професионализира,, и натаму е зависна до регрутирањето.
Макфакс
Рускиот претседател Владимир Путин му нареди во средата на воениот врв итно да ги подобри состојбите во вооружените си