Поранешниот македонски шампион Работнички денеска се засили со крилниот напаѓач Атхе Мазари, кој потпиша двегодишен договор со екипата од Дебар Маало.
Мазари доаѓа од тимот на Победа за која одигра 16 натпревари во првиот дел од сезоната и притоа постигна четири голови.
Овој 21-годишен фудбалер е четврто засилување за Работнички, кој претходно потпиша со Филип Илиќ, Стефан Деспотовски и Кире Маркоски.
Работнички ја заврши првата полусезона на осмата позиција со 18 бодови.