Рада Манојловиќ открива зошто не брза да се омажи

Пејачката Рада Манојловиќ гостуваше во една емисија, а во таа прилика зборуваше за нејзината мажачка, за која честопати се шпекулира во медиумите.
– Мислам дека со години се пишува за мојата свадба, имагинарно, раскинувања и свршувачка, брак и деца. Не знам зошто сите брзаат да ме омажат. Јас сум несериозена, не сум за брак. Јас пеам „Не сум на продажба, млада сум за брак“, вели Рада споменувајќи стихови од своја песна и додава:


-Значи млада сум како роса на пладне. Мислам дека сме добри како што сме, не сме подготвени да бидеме „стационирани со деца“ за тоа да биде голема приказна. Сигурно е дека и тој се согласува со тоа, бидејќи е помлад од мене и треба да живее. Јас сум тука… На половина пат низ животот “, рече Рада искрено во емисијата „Контравизија“, мислејќи на својот партнер, пејачот Харис Берковиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.